Кога се појавија снимките од Далас, Тексас, на 22 ноември 1963 година, камерите кои ги фатија моментите на атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди покажаа еден човек во акција.
„Јас бев единствениот што имав шанса да направам нешто и не можев да сторам ништо. Тоа чувство остана со мене до крајот на животот“, изјави Клинт Хил во интервју за Гласот на Америка во 2011 година.
Хил беше агентот на Тајната служба на задниот дел од претседателската лимузина која ги превезуваше претседателот и првата дама Жаклин Кенеди додека колоната се пробиваше низ Далас. Во интервјуто за Гласот на Америка, Хил го сподели искуството за тие кобни моменти во Тексас.
„Се сеќавам, имаше наплив од вести“, додаде Хил во интервјуто.
Кога првпат Гласот на Америка го интервјуираше во 2011 година за време на турнејата за промоција на книгата „Деталите на Кенеди“ - првата публикација за која тој се согласи да биде детално интервјуиран - Хил призна дека атентатот сè уште го прогонува.
„Ме јадеше од внатре. Стануваше полошо и полошо“, рече Хил.
Но, не веднаш по атентатот. Хил беше распореден за лична заштита на Жаклин Кенеди и нејзините деца пред да се врати на работа во Белата куќа.
Хил рече дека се додека тој работел на терен, можел да се контролира да не мисли на атентатот, додека унапредувањето во 1970 година во Тајната служба значело работа во канцеларија.
Клинт Хил почина на 21 февруари во својот дом во Калифорнија. Имаше 93 години.
Facebook Forum