Додека Русија ја засилува својата офанзива во источна Украина, официјални лица од Командата на САД во Источна Европа велат дека е итно НАТО да биде подготвена за можна конфронтација. Известува Мирослава Гонгадзе.
Вежбата „Брза реакција“ на НАТО започна претходно овој месец во Шведска, каде што околу 800 падобранци од Соединетите Американски Држави, Шпанија, Унгарија и Италија тренираат заедно за да спречат каква било потенцијална агресија. Мирослава Гонгадзе известува од полигонот во Шведска. .
Украинските власти изразуваат загриженост за идната воена поддршка од Западот, особено од САД. Воените команданти велат дека итно им е потребна дополнителна помош, вклучително и напредно вооружување за да ја вратат стратешката предност против помоќните руски сили. Мирослава Гонгадзе има повеќе.
Повеќе од две години по руската инвазија, Украина се соочува со недостиг не само на муниција, туку и на војници. Како одговор на тоа, сè повеќе Украинки се пријавуваат во армијата, а девојките избираат да продолжат со обука за да станат армиски офицерки. Известува Мирослава Гонгадзе.
Украинските власти соопштија дека рускиот воен патролен брод Сергеј Котов потонал во Црното Море откако бил цел на морски дронови од украинско производство. Мирослава Гонгадзе од Гласот на Америка доби ексклузивен пристап до локацијата за развој и тестирање на дроновите.
Полска беше потресена од политичка криза и протести откако новата влада на земјата брзо се придвижи кон поништување на активностите преземени од десничарската партија Право и правда за време на нејзиното 8-годишно владеење. Известува Мирослава Гонгадзе.
Финска склучи договор за одбранбена соработка со САД, дозволувајќи ѝ на американската војска пристап до финските објекти за национална безбедност. Финска, пак, ја затвори границата со Русија, обвинувајќи го Кремљ дека испраќа мигранти како акт на „хибридна војна“. Известува Мирослава Гонгадзе.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, се зголеми производството на беспилотни летала во државата. Украинските бизниси производството го префрлија на опрема за новото време – во војна. Од Киев известува Мирослава Гонгадзе.
По војната во Украина, неексплодирани мини може да се најдат на украинска територија. Украинските сојузници - Јапонија, Камбоџа, Полска и САД помагаат во деминирање. Специјалисти од Камбоџа обучуваа украински работници како да користат опрема за деминирање. Мирослава Гонгадзе ги има деталите.