„Беше препознаен квалитетот на нашето вино, ние сме винска земја. Беа изненадени од тоа што го правиме, од бројките кои што ги презентиравме, од квалитетот,“ вели за Гласот на Америка министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Таравари во интервју за Гласот на Америка во Вашингтон вели дека приоритет на министрите од неговата партија во ресорите кои тие ги водат е да се намали корупцијата и да се зголеми довербата на граѓаните во правниот систем.
„Она кое што се трудам и за што се залагам е да му предочиме на младиот човек кои се позитивните страни во таа некоја земја во која сака тој да мигрира, кои се негативните страни“, вели во интервју за Гласот на Америка, младиот европски амбасадор Иван Дургутов.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за Гласот на Америка вели дека секогаш за големите прашања имало и големи дебати. За проектот со „Бехтел и Енка“ тој вели на крајот „ќе остане само автопат и можност граѓаните да патуваат за еден час од Скопје до Охрид“.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во интервју за Гласот на Америка вели дека секогаш за големите прашања имало и големи дебати. За проектот со „Бехтел и Енка“ тој вели на крајот „ќе остане само автопат и можност граѓаните да патуваат за еден час од Скопје до Охрид“.
Колку повеќе се движев кон опасните места, толку повеќе луѓето ја разбираа новинарската работа, раскажува Кристина Атовска, единствената македонска новинарка што известуваше од војната во Украина
Филмот ја пренесува пораката за неоткажувањето и надежта на луѓето кои решиле да живеат во војна. „Приспивни сирени“ својата кино-премиера во Северна Македонија ја имаше на 27-ми февруари, а светската премиера ја дочека на 28-то издание на Инернационалниот филмски фестивал Палм Бич во Флорида.